Што ќе речат Суарез и Меси: Дембеле во Барса има плата од 12 милиони евра!

Младиот француски фудбалер Осман Дембеле со само 20 години ги достигна небесните височини кога е во прашање заработката. Германскиот весник „Шпигел“ од доверливи извори ја дозна годишната плата на Дембеле на „Камп Ноу“, а таа изнесува неверојатни 12 милиони евра. Тоа е дури четири пати повеќе од сумата што ја заработуваше во дресот на Борусија Дортмунд, па не е ни чудо што Дембеле во еден момент побегна од клубот и по секоја цена сакаше да потпише договор со Барселона.

Познати се и клаузулите меѓу двата клуба. Барселона плати веднаш 105 милиони евра, а ќе плати уште 40 милиони, односно по 10 милиони евра на секои 25 натпревари што Дембеле ќе ги одигра во дресот на каталонскиот клуб, во сите конкуренции. Исто така, Дембеле ќе има и бонус од 3,3 милиони евра, доколку со Барселона освои три трофеи, шампионската титула во Ла Лига, Копа Дел реј и Лигата на шампионите.

По ова, сигурно дека и Лионел Меси и Луис Суарез ќе му завидуваат на Дембеле. Тие не заработуваа толку на негови години.

Се вчитува...