Што му кажа Мајкл Џордан на Коби Брајант во последниот меѓусебен дуел?

Коби Брајант и Мајкл Џордан последниот меѓусебен дуел го одиграа на 28. март 2003 година. Американскиот глумец, Џон Кјузак во емисијата на Џими Кимел откри што му кажал Мајкл Џордан на Коби Брајант по нивниот дуел 1 на 1 на последниот меѓусебен дуел кој беше одигран токму во 2003 година во „Стејплс центарот“. Коби се обиде да го помине Џордан по десната страна, но Ем-Џеј одлично се постави и изнуди фаул во напад.
„Сите во еб*ната сала знаеја дека нема да додадеш“, му кажал Џордан. 
Коби Брајант годинава во јануари месец во хеликоптерска несреќа трагично го загуби животот, а на комеморацијата која што се одржа во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес емотивно обраќање имаше неговиот идол Мајкл Џордан.

Се вчитува...