Што направи Фурние не е нормално… се спаси од линч во Атина (ВИДЕО)

Драма и контроверзии не изостанаа ниту на третиот натпревар од финалната серија помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос во грчкото кошаркарско првенство, натпревар во кој гостите од Пиреја стигнаа до „брејк“ и со тоа се најдоа на победа од освојување на шампионската титула.

Натпреварот го отслика и „прекршокот за затвор“ на Кендрик Нан над Еван Фурние, но францускиот репрезентативец беше тој на кој му беше покажан патот кон соблекувалната откако предизвика хаос на трибините. Французинот со непромислен потег се фати кон меѓуножјето, гестикулирајќи кон публиката по што избегна линч поради брзата интервенција.

 

Кошаркарите на Олимпијакос добија свечен пречен од страна на своите навивачи во Пиреја, а очекувано, сите погледи беа вперени кон Еван Фурние.

 

Се вчитува...