Што се се случуваше на судењето „Ѓоковиќ против австралиска влада“: Судијата Кели го најави епилогот уште по излагањето на адвокатите на Новак!

Новак Ѓоковиќ ја доби битката со Владата на Австралија откако австралискиот суд ги уважи доказите на неговите адвокати за неправедно одземена виза за влез во Австралија.

Судијата Ентони Кели некаде околу 7:20 часот по средноевропско време соопшти дека е поништена одлуката на Ѓоковиќ да му се одземе визата, на Новак мора да му се врати пасошот и сите лични работи и да биде пуштен од притвор во следните 30 минути.

Владата на Австралија на крај прифати дека погрешила поради тоа што на Ѓоковиќ по слетувањето во Мелбурн не му дала доволно време да реагира, да разговара со своите адвокати и тимот, туку веднаш му ја укинала визата.

А, каков ќе биде епилогот можеше да се почувствува уште по првото излагање на адвокатите на Ѓоковиќ, по што судијата Кели се огласи со „про-Новак“ изјава: „Што требало Ѓоковиќ повеќе да направи?“ Веднаш по тоа беше јасно дека адвокатите на српскиот тенисер и судијата се согласни дека Ѓоковиќ ги изнел сите докази при слетувањето во Мелбурн поради што морало да му биде одобрен влез во државата.

По паузата за ручек, зборуваше австралискиот државен обвинител, но брзо потоа судијата Ентони Кели донесе одлука најпрво да се продолжи престојот на Ѓоковиќ во Австралија давајќи до знаење дека денеска секако ќе биде донесена конечната судска одлука.

На крај откако доказите на државните обвинители не беа убедливи, судијата Кели донесе одлука, а по претходен договор и на двете страни, да се врати австралиската виза на Новак Ѓоковиќ! Оваа одлука да се врати визата на српскиот тенисер судијата Кели ја донесе поради процедурални грешки на австралиската влада, но министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хок се уште има право и можност да му ја укине визата поради други основи.

Се вчитува...