ШТО СЕ СЛУЧУВА? Пандев и Мрме се релаксираат со сопругите во најлуксузниот ресторан во Букурешт (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев зачудувачки, по поразот од Украина со 2-1, одлучиле напуштајќи го задолжителниот „бабл за ЕВРО 2020“ вечерта да ја минат со своите сопруги во еден од најелитните ресторани во Букурешт, притоа снимени од романските медиуми.

Македонската репрезентација на ЕВРО 2020 е во „бабл“ (затворен балон), согласно прописите на УЕФА, па од таму крајно изненадувачки е одлуката селекторот и капитенот да си ја минат сами вечерта по ресторани во Букурешт, наспроти останатите репрезентативци кои се во хотелот „Мериот“ во Букурешт.

Пандев и Ангеловски заедно со сопругите и децата од страна на романски „Про-спорт“ се снимени во комплексот Херастрау, кој е еден од најелитните во романската престолнина. Крајно зачудувачки однос на селекторот во време на се уште наш актуелен настап на Европско првенство!

Македонија со победата на Холандија над Австрија ги загуби сите шанси за пласман во нокаут-фазата на Европското првенство 2020, па патувањето во Амстердам ќе биде без резултатско значење, единствено за престиж. Но, тоа апсолутно не може да значи еден ваков однос на селекторот и капитенот.

Оваа „папарацо-сторија“ на романските медиуми која е прекршување на УЕФА-протоколите за време на ЕВРО 2020, доаѓа само еден ден откако претходно, пак, неакредитирани македонски информативни медиуми снимаа со селекторот Игор Ангеловски, и репрезентативците Горан Пандев и Стефан Ристовски надвор од сите протоколи, во хотелот „Мериот Гранд“, каде е сместена репрезентација. За разлика од спортските медиуми во Македонија кои уште со стартот на подготовките во Скопје стриктно се придржуваат до зацртаните протоколи за заштита на репрезентативците, и репрезентацијата како институција.

Се вчитува...