Што се случува со Адеми!? Колку се сериозни срцевите проблеми за фудбалерот на Динамо Загреб!?

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн

Владимир Булатовиќ

Во сенка на посакуваниот триумф во Вадуц, но дефинитивно и не помалку важно од него, мина и изненадувачката ситуација со еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми непосредно пред почетокот на синоќешниот натпревар против Лихтенштајн.

Адеми, како што изјави и селекторот Игор Ангеловски по мечот, бил изоставен од составот на македонскиот тим во последен момент поради проблеми со тахикардија и несоница ноќта пред натпреварот.

„На Адеми, кој беше планиран да го почне натпреварот со Лихтенштајн, му се влоши здравствената состојба и мораше да играме без него. Адеми синоќа доби тахикардија, имаше несоница па за жал не беше подготвен да ни помогне“ – истакна селекторот Игор Ангеловски.

Очигледна беше и загриженоста во македонскиот табор во текот на вчерашниот ден пред мечот со Лихтенштајн поради здравствените проблеми на фудбалерот од средниот ред. Токму поради тоа беше и одлуката во последен момент и воопшто да не биде на клупата за резервни фудбалери во Вадуц.

И воопшто не е важно дали фудбалерот на Динамо Загреб го пропушти мечот со Лихтенштајн, кој на крајот го добивме… Но, и тоа како се издвојуваат прашањата колку и како појавените проблеми со срцето може да влијаат околу натамошниот тек од кариерата на Аријан Адеми!

Што вистински се случува? Колку сето од тоа е сериозно? Како сето тоа може да се одрази на неговиот иден тренажен процес, но и вистинските натпреварувачки напори? Колку од сето тоа може да зависи неговата идна професионална кариера? Сите овие прашање неизбежно мора да добијат одговор во блиска иднина! Пред се заради Аријан Адеми самиот!

Се вчитува...