Што се случува со Барселона – потоп и во Кадиз

Лионел Меси и Барселона повторно се посрамотија во рамките на Ла Лига, губејќи со 2-1 на гостувањето против Кадиз. Каталонците важеа за апсолутни фаворити на овој меч, но повторно се соочија со истиот проблем, огромниот посед на топка тешко да го претворат во погодоци, додека на спротивната страна почетнички се грешеше во сопствениот шеснаесетник. Куман тргна офанзивно од почеток, со Меси, Гризман и Бреитвајт во стартниот тим помогнати од Кутињо, но ваквата тактика не даде никаков плод.

Кадиз поведе на самиот почеток, откако по несмасната реакција на дефанзивецот Мингуеза голманот Тер Штеген едвај спречи автогол, но Алваро немаше тешка задача топката од непосредна близина да ја смести во мрежата.

Барселона израмни во второто полувреме кога Меси асистираше до Алба, а левиот бек со помошта на домашниот играч Алкала го измами голманот на Кадиз. И кога се очекуваше целосен пресврт, нова почетничка грешка на дефанзивците на Барса по која Алваро Негредо го постигна еден од најлесните голови во кариерата, од неколку метри сместувајќи ја топката во мрежата на каталонскиот гигант.

Се вчитува...