Што се случува со Бернардо Силва, од „мотор„ на Сити до „кралска“ резерва“

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва изминатите години се сметаше за еден од најдобрите играчи во средниот ред, но сезонава како да исчезна од фудбалската мапа.

Во летниот преоден рок, Бернардо Силва го напушти Манчестер сити каде беше незаменлив дел од тимот, и како слободен играч потпиша за Реал Мадрид каде падна во немилост на Жозе Мурињо и никогаш во кариерата немал волку мизерна минутажа.

Бернардо Силва последен пат беше дел од првиот тим на Реал Мадрид пред точно еден месец кога беше заменет во 69-та минута и оттогаш на седумте натпревари за „кралевите“ и за репрезентацијата на Португалија одигра само 15 минути.

Во натпреварите од новото издание на Лигата на нации, Бернардо Силва ги преседе на клупата дуелите на Португалија со Велс и Данска, во двата натпревари против Норвешка, влезе во игра во судиското продолжение и на теренот помина само седум минути.

За Реал Мадрид одигра само осум минути во дербито против Атлетико Мадрид.

Причина за мизерната минутажа е тоа што Мурињо инсистира на тандемот Чуамени – Феде Валверде во средината на теренот, додека Арда Туран е незаменлив во првиот тим.

Бернардо Силва сезонава за Реал Мадрид настапи на шест натпревари во сите натпреварувања и на теренот помина само 282 минути.

Се вчитува...