Што се случува со Милан? Сасуоло „пукна петарда“ на „Сан сиро“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на акутелниот шампион Милан се во катастрофална форма откако не успеаја да победат и во четвртиот натпревар во низа во Серија А, а згора на се беа понижени и од Сасуоло на домашен терен со убедливи 2-5.

За дваесет минути игра гостите стигнаа до брза предност од 0-2 со головите на Дефрел и Фратези. Домаќините намалија преку Оливие Жиру во 24. минута на 1-2. До крајот на првиот дел беше 1-3 со погодокот на Берарди во 30. минута.

Во вториот на 1-4 во 47. минута зголеми Лауриенте. Во 79. минута веќе беше и 1-5 со погодокот на Матеуш Енрике, додека конечните 2-5 ги постави Ориџи во 81. минута.

 

Milan 1-[4] Sassuolo – Armand Lauriente penalty 47′ from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...