Што се случува со САД? Дурент на тренинг го „нападна“ Адебајо (ВИДЕО)

Репрезентацијата на САД се подготвува за Олимписките игри во Токио каде ќе го брани златото, меѓутоа ситуацијата во тимот воопшто не е идеална. Поразите од Нигерија и Австралија, позитивниот тест на Ковид-19 на Бредли Бил, изолацијата на Зек Лавин и повредата на Кевин Лав се само дел од проблемите.

Имено, на последниот тренинг на тимот дојде и до расправа помеѓу Бам Адебајо и Кевин Дурант по шут за три поени на асот на Бруклин по кој играчот на Мајами не ја врати топката до Дурент туку тргна кон линијата за три поени како тој би шутнал. Овој потег го налути двократниот НБА шампион кој почна да приговара.

Се вчитува...