Штутгарт го постави Маркус Вајнцирл за нов тренер

Германскиот бундеслигаш Штутгарт го именува Маркус Вајнцирл за нов шеф на стручниот штаб, откако во неделата му се заблагодари на Тајфун Коркут од тренерската позиција. 43-годишниот стратег беше без работа повеќе од една година, откако на крајот од сезоната 2016/17 беше сменет од Шалке 04.

По првите седум кола од новата сезона во Бундес-лигата, тимот на Штутгарт се наоѓа на последното место на табелата со пет бода и само шест постигнати гола.

Се вчитува...