Штутгарт го потврди местото во Бундеслигата следната сезона

Штутгарт обезбеди опстанок во Бундеслигата и за сезоната 2023/24 откако славеше и во вториот натпревар од бараж пресметката за опстанок против Хамбургер. По триумфот од 3-0 во првиот натпревар, овој пат на гостински терен славеше со 1-3 по целосен пресврт во второто полувреме.

Надеж за домашните навивачи донесе Кител откако во 6. минута реализираше за 1-0 водство на Хамбургер, а овој резултат остана на семафорот до 48. минута кога резултатот го изедначи Милиот. Истиот фудбалер стрелаше и во 64. минута за пресврт кој стави крај на сите дилеми за победникот. Конечните 1-3 ги постави Силас во седмата минута од судиското продолжение.


 

Се вчитува...