Шумахер ја пропушта ГН на Саудиска Арабија

Мик Шумахер нема да настапи на ГН на Саудиска Арабија откако во вчерашните квалификации се заби во оградата, потврдија од раководството на најбрзото натпреварување во светот.

Германецот изгуби контрола на болидот при обид за скратување на време со возење на работ на стазата по што со голема брзина се удри во оградата. Возачот на Хас помина без сериозни последици, но сепак нема да биде во комбинација за настап на втората трка од новата сезона.

Се вчитува...