Шумахер: Тоа што при таков удар се чувствувам добро, говори многу за безбедноста на болидите

Квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија завршија со инцидент во вториот квалификациски круг откако Мик Шумахер со голема брзина удри во заштитната ограда. Возачот на Хас при ост свиок изгуби контрола на неговиот болид кој при излекувањето се преполови.

Сепак германскиот возач помина без сериозни последици, но поради судирот ја пропушти втората трка во сезоната. По инцидентот младиот возач даде изјава во која вели и покрај тоа што се чувствува подготвен за ново натпреварување, мора да ја почитува одлуката на тимот.

„Добро се чувствувам, ништо не ме боли. Тоа што стојам тука и што не ми е ништо после такво излетување говори за сигурноста на болидите. Размислував за можни последици, но на крајот морате да го оставите тоа зад вас и да гледате во иднината. Сакав да се тркам, се чувствувам подготвен, но таква е одлуката. Бев блиску до влез меѓу најдобрите десет во квалификациите па навистина е штета што не успеав да го завршам кругот. Но, и Мелбурн би било убаво место за тоа па затоа со нетрпение ја очекувам ГН на Австралија“, изјави Шумахер.

Се вчитува...