Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Валенсија откако шпанскиот тим се одлучи да му се заблагодари за времето поминато заедно. Според шпанските медиуми отказот доаѓа по состанок со претседателката Чан на кој италијанскиот стратег барал засилувања, а добил негативен одговор.
Поранешниот славен фудбалер на Милан ја остава Валенсија на 14. позиција во шпанското првенство со скор од пет победи, пет реми и осум изгубеини натпревари.
Валенсија беше седми клуб во тренерската кариера на 45-годишникот која започна во Сион, а продолжи во Палермо, Крит, Пиза, Милан и Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА