„Шут-карта“ за шест играчи – Барселона прави место за Салах

Барселона продолжува да го составува ростерот кој треба да го врати каталонскиот гигант на врвот на Европа, а покрај тоа што ова лето ќе се обиде да ангажира фудбалери чии договори истекуваат како Кеси, Кристенсен и Азпиликуета ќе тргне и кон оние од врвната класа.

Еден од овие вторите е и Мо Салах, пренесуваат шпанските медиуми. Имено, Чави египетскиот репрезентативец го гледа како клучна фигура во сложувалката, а за неговите услуги е подготверн да се откаже од дури шест играчи: Филипе Кутињо, Усман Дембеле, Сержи Роберто, Самјуел Умтити, Мартин Браитвајт и Нето.

Голгетерот има договор со Ливерпул до летото 2023 година, а и покрај тоа што сака и во продолжението од кариерата да остане во дресот на „црвените“, преговорите за нов договор не се одвиваат во најдобар можен ред, а проблемот се финансиите кои ги нуди англискиот тим.

Дали Барселона ќе успее во својот план и дали Салах ќе тргне по стапките на Кутињо и од „Енфилд“ ќе се пресели на „Камп Ноу“ останува да видиме.

Се вчитува...