Швајцарија тешко до триумф над Финска

Швајцарија и во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, славеше над Финска, но овојпат далеку потешко 32-30. Финците дадоа силен отпор, а на полувреме заминаа со негатива од само два гола разлика 18-16.

Во вториот дел Финците продолжија со одличната игра, а на десет минути до крајот на мечот дојдоа и до водство од 26-27. Сепак, до крајот пресуди поголемото искуство на Швајцарците кои успеаја да се консолидираат и да стигнат до конечен триумф од 32-30.

Неверојатниот Енди Шмид со 14 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Финците се истакна Макс Гранлунд со 10 погодоци.

 

Се вчитува...