Швајцарски милијардер го купува Челси од Роман Абрамович

Поради инвазијата на Русија над Украина и војната која што се случува на истокот на Европа, Роман Абрамович мора комплетно да го продаде премиер-лигашот Челси.

Тој доби забрана за да влезе во Англија и со туристичка виза со оглед дека има и израелски пасош, а не сака да ризикува и со евентуална следна одлука за заплена на имот.

Швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис е првиот кандидат за купување на актуелниот европски шампион. Тој треба да биде дел од инвестициски конзорциум кој за 2 милијарди евра ќе го преземе Челси. Преговорите се во тек, па се очекува во следните денови Челси да добие нов сопственик.

Се вчитува...