Фудбалската репрезентација на Швајцарија ја оправда фаворитската улога вечерва и со убедливи 3:0 славешена гости кај Шкотска.
Швајцарците по две кола имаат максимални шест бодови во групата 1 и се главен фаворит за првото место и пласман во дивизијата А во Лигата на нации.
Натпреварот кој се играше на „Хампден парк“ во Глазгов, беше речиси идентичен како тој што Швајцарците го одиграа во Скопје, уште во првото полувреме ја обезбедија победата.
Вечерва работата им беше олеснета бидејќи уште 11 минута, Хендри заработи црвен картон, а веќе во слелдната минута Родригез и донесе предност на Швајцариа.
Победата беше заверена со два гола во второто полувреме, прво погоди Елведи во 55-та минута, а во финишот, Амдуни ја завери победата.
Шкотска во следното коло ќе игра против Македонија во Скопје, додека Швајцарија ќе игра со Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
