Дали Швајцарците вечерва ќе бидат без селектор на дуелот против Босна и Херцеговина? Ова е прашањето кое си го поставуваат сите во Швајцарија, откако селекторот Мурат Јакин има здравствени проблеми, и можеби нема да биде покрај аут линијата.
Некои медиуми пишуваат дека Јакин има „екстремен умор“ со симптоми слични на грип, нешто што новинарите го приметиле уште на вчерашната прес-конференција, па доколку е во прашање грип, тој најверојатно нема да присуствува на натпреварот, за да се избегне ризик епидемијата да се прошири на останатите членови на тимот.
Швајцарците ова искуство го имаа и во Катар пред четири години, воочи 1/8 финалето против Португалија, кога нивната селекција загуби со убедливи 6-1. Јакин, впрочем, сака да избегне едно такво исто сценарио, па затоа нема да ризикува и најверојатно нема да биде на клупата вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
