Шведска играше на СП, Златан отиде да гледа УФЦ со Трамп

Шведска издоминира на премиерниот меч на СП 2026 декласирајќи го Тунис со 5-1, но многумина беа изненадени што Златан Ибрахимовиќ не се најде на трибините на стадионот за да ги бодри своите сонародници.

Легендарниот голгетер е дел од мундијалот како стручен аналитичар, но наместо да биде на стадионот на кој играше Шведска, легендарниот Ибракадабра се појави во Белата куќа во Вашингтон, како гледач на УФЦ спектаклот во организација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Златан рано утрово се огласи на социјалните мрежи, образложувајќи ја својата одлука

„Луѓето прашуваат зошто не сум бил на мечот на Шведска. Шведска знае дека ја поддржувам, играчите знаат исто така. Да дадеш пет гола на првиот меч на СП не е нормално, фудбалерите, тренерот, навивачите заслужуваат да уживаат во овој момент. Златан не треба да е на трибините за луѓето да се сеќаваат на него“, порача Ибрахимовиќ.

Се вчитува...