Шведска не дозволи четвртфинале за Португалија, им подари место на Унгарците меѓу осумте најдобри

Шведска не дозволи пласман на Португалија во четвртфиналето на СП 2023 откако славеше во директната пресметка со 32-30 во последното коло од главната фаза по групи.

Португалците го загубија натпреварот, па на крај останаа на четвртата позиција на табелата.

A, со триумфот над Португалија, Шведска им подари четвртфинале на Унгарците кои завршија на второто место со ист број бодови (6) како и Исланд, но имаат победа во директната пресметка со Исланѓаните.

Се вчитува...