Шведска по планот, Паличка ги излуде Белорусите

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Шведска ја забележа својата прва победа во втората рунда од ЕП 2018 откако скандинавската селекција рутински ја одработе задачата против Белорусија, триумфирајќи со 29-20. Во главна улога беше голманот Паличка, кој бранеше извонредно во текот на сите 60 минути, излудувајќи ги противничките ракометари со дури 20 одбрани.

Уште од раната фаза на мечот стана јасно дека Белорусите немаат што да бараат, шведските ракометари целосно го контролираа резултатот, на полувреме заминаа со предност од 16-11, позитива што уште повеќе ја зголемија до крајот на мечот за конечни „плус девет“. Ване и Лагергрен беа први стрелци на Шведска со по четири гола, додека на спротивната страна најефикасен беше Каралек со четири погодоци.

За пласман во полуфиналето Шведска мора да ја совлада Норвешка, но и да се „крсти“ во Франција, која не смее во последниот меч од групата да загуби од Хрватска со повеќе од два гола разлика.

Се вчитува...