Младиот шведски фудбалер Александер Исак продолжува со одличните партии во дресот на Реал Сосиедад сезонава. Тимот од Баскија на полувреме има реми (1-1) против Вилјареал, а токму Исак беше стрелец на голот за тимот од Сан Себастијан.
Тој на неверојатен начин ја затресе мрежата на гостите, а најдоброто од се е што ова не е прв ваков гол на неверојатниот напаѓач. Дефинитивно добивме нов фудбалски мајстор како Арјен Робен кој постигнуваше слични голови само од другата страна на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА