Швеѓаните не ме ценат доволно затоа што сум Ибрахимовиќ! (ВИДЕО)

Иако е ѕвезда од светски калибар со огромни успеси во кариерата, шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, смета не е доволно почитуван во земјата во која е роден. Ибрахимовиќ кој има босансако потекло, во интервјуто за француската ТВ станица „Канал плус“ нагласи дека тоа е така најмногу поради неговото презиме.

Дали мислиш дека шведските медиуми ме напаѓаат или ме бранат? Ме напаѓаат. Тие не можат да прифатат дека јас сум Ибрахимовиќ. Јас 11 пати сум прогласен за најдобар играч во Шведска. Она што го имам јас направено за шведскиот фудбал не го направил, ниту пак ќе го направи никој друг“ – вели  Златан Ибрахимовиќ.

На констатацијата од новинарот дека можеби е премногу арогантен, ѕвездата на Манчестер јунајтед одговори:

Каква врска има тоа? Или го цениш тоа што сум го направил или не го цениш. Или си горд на тоа или не си. Јас сум најдоброто што го имаат“ – вели Ибрахимовиќ.

http://www.dailymotion.com/video/x6cgvpa#tab_embed

Се вчитува...