Швеѓаните „плачат“: Имаше ли гол за победа!? Имаше ли старт за црвен картон!?

Шведските медиуми со серија критики се насочија кон делителите на правдата на натпреварот меѓу Малме и Вардар кој заврши без победник, 1-1, на „Сведбанк арената“ во Малме.

Посебно, под знак прашалник го потенцираат шутот на Брорсон во 94. минута кога топката одбивајќи се од гредата на голот на Гачевски заврши на самата гол линија…

„Имаше ли гол за победа од 2-1?“ – се прашуваат Швеѓаните… Но, од видео снимката сосема е јасно дека апсолутно немаше погодок за Малме, затоа што топката во никој случај не заврши со целиот свој обем зад гол линијата.

Полемика предизвикува и стартот на Барсегјан во второто полувреме за кој шведските медиуми веруваат дека вардаровиот офанзивец морало да добие директен црвен картон…

print za start

Се вчитува...