Швеѓаните плачат: Скандалозно на трибините!

Кој губи, има право да се лути… Сепак, дел од шведските новинари претераа, па наместо вината за елиминацијата на својот тим да ја бараат во потпросечната игра на Малме, тие во дел од своите написи акцент ставија на случувањата на трибините на стадионот „Младост“.

Опишувајќи дел од овие случи како „скандалозни“, Швеѓаните се жалат дека нивните навивачи биле нападнати пред почетокот на натпреварот, кога биле гаѓани со камења од навивачи кои се наоѓале надвор од стадионот. Весникот „Експресен“ исто така го потенцира и моментот по погодокот на Малме, кога дел од вардаровите фанови на „централната трибина“ бесни на судиската одлука направија мал инцидент, притоа не обелоденувајќи дека страстите експресно беа смирени.

malme print screen

За разлика од новинарите, тренерот Пехрсон и неговите избраници вината за својата слаба игра воопшто не ја гледаат на случувањата на трибините.

„Го очекувавме токму тоа, домаќините и навивачите да се обидат да влијаат врз судијата. Сепак, не беше ништо страшно, сме играле на многу полоши места со многу понепријателска атмосфера. Тоа немаше никакво влијание врз резултат и играта, каде што потфрливме и самите сме си виновни“ – истакна тренерот Пехрсон.

Тоа немаше врска со нас – мораме да сме подготвени кога одиме во друга земја со поинаква култура. Требаше да излеземе, да играме фудбал и да победиме, а не го сторивме тоа и вината треба да ја бараме само кај нас, не на друго место“ – додаде голманот Јохан Виланд.

 

Се вчитува...