Швјонтек го пропушта ВТА турнирот во Мадрид

Првата тенисерка во светот, Ига Швјонтек нема да игра на ВТА турнирот во Мадрид. Причината за нејзиното откажување од турнирот во главниот град на Шпанија е повредата на десното рамо.

Полјачката одлично ја почна сезонава освојувајќи досега четири ВТА турнири, а последен во низата беше тој во Штутгарт кој го освои во неделата.

Нејзиното место во главниот ждреб во Мадрид ќе го заземе Паула Бадоса од Шпанија.

 

Се вчитува...