Швјонтек и Колинс ја комплетираа полуфиналната програма на АО

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во полуфиналето на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен откако во четвртфиналниот маратон славеше над Естонката, Каја Канепи со 2-1, по сетови 4-6, 7-6 и 6-3.

Во полуфиналето Полјачката ќе игра против Американката Даниеле Колинс која претходно денеска беше подобра од Ализ Корнет со 2-0 (7-5 и 6-1).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Ешли Барти и Медисон Киз.

 

Се вчитува...