Швјонтек испиша историја на женскиот тенис

Ига Швјонтек продолжи со извонредни настапи на почетокот од 2022 година, откако по триумфот во Индијан Велс успеа да се закити и со трофејот во Мајами. Во денешното финале таа за противничка ја имаше Наоми Осака, но полската тениска наметна моќно темпо и не и дозволи на Јапонката ниту за момент да се понадева на триумф.

Швјонтек најпрвин го доби стартниот сет со 6-4, за потоа целосно да доминира во вториот сет со мaксимални 6-0, за импресивен триумф над квалитетната ривалка. Таа испиша историја бидејќи стана прва тенисерка што во иста година ги освоила трофеите во Индијан Велс и во Мајами, турнири што се одржуваат еден по друг на територијата на САД.

Одличните резултати ќе и овозможат на полската тенисерка да се искачи и на првото место на ВТА-листата, чие ново рангирање ќе биде објавено в понеделник.

Се вчитува...