Швјонтек избрана за најдобар европски спортист за 2022 година

Полската тенисерка Ига Швјонтек е прогласена за најдобра спортистка во Европа на 65. избор во организација на Полската новинска агенција (ПАП) на кое учествуваа 20 новински агенции од Европа.

Младата полска тенисерка во изминатите 12 месеци освои осум турнири, меѓу кои УС Опен и Ролан Гарос, а од април е број еден во светот. Во изборот таа славеше со 118 поени, на второто место е шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис (106 поени), а трет е холандскиот Формула 1 возач Макс Верстапен (82 поени).

Следат шпанските тенисери Карлос Алкараз (76 поени) и Рафаел Надал (66), францускиот фудбалер Килијан Мбапе (55), норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бо (50), норвешката крос-кантри скијачка Тереза ​​Јохауг (42), романскиот пливач Давид Поповичи (37) и данскиот велосипедист Јонас Вињегор (33).

Рекордот го држи Швајцарецот Роџер Федерер со пет награди, а една помалку има Новак Ѓоковиќ. Советскиот скокач во височина Валери Брумел и легендарниот Михаел Шумахер славеа по три пати.

Се вчитува...