Швјонтек продолжува да „гази“ – 24 победа во низа за полската тенисерка

Полјачката, Ига Швјонтек стигна до 24 победа во низа на ВТА турнејата, откако денеска славеше во натпревар од 2. коло на ВТА турнирот во Рим. Таа беше подобра од романската тенисерка Елена Габриела Русе со 2-0, по сетови 6-3 и 6-0.

Во првиот сет првата тенисерка во светот и дозволи на противничката три гејма, додека во вториот ја преслуша со максимални 6-0 за нов триумф и продолжување на сезоната од соништа.

Во осминафиналето на женскиот турнир се пласираа и Андреску, Азаренка, Сакари, Гоф и Сабалјенка.

Се вчитува...