Си замина од Металург, потпиша за Охрид

Суперлигашот Охрид го доведе Михајло Младеновиќ како засилување за плеј-офот во домашниот шампионат. Младеновиќ во Охрид доаѓа од редовите на Металург во кои настапуваше од 2018 година. Младеновиќ би требало да биде одлично засилување во борбата за Европа на охридскиот тим кој првиот дел од сезоната го мина со максимален учинок од дванаесет победи.

„РК Охрид го засили ростерот, доведувајќи го Михајло Младеновиќ. 20-годишниот ракометар игра на левата бековска позиција и на клубот ќе му се придружи после завршувањето на Мундијалот во Египет“, објавиа од охридскиот клуб. 

Се вчитува...