Сидрит Гури: Среќен сум што донесов победа за Шкендија во тетовското дерби

Албанскиот интернационалец Сидрит Гури е херојот на Шкендија во 13. коло од ПМФЛ.

Со неговиот погодок „црвено-црните“ успеаја да дојдат до значајна победа во тетовската дерби пресметка од 1-0 против Ренова. Сето тоа за приклучување на Шкендија кон врвот од првенствената табела.

„Среќен сум што постигнав гол за победа на мојот тим. Јас сум пред се тимски напаѓач и моја должност се головите. Се надевам дека ќе продолжам во ист стил и во продолжението од шампионатот. Екипата и стручниот штаб многу ми помагаа за соодветна адаптација во тимот. Шкендија има екипа за нови победи, и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во ист стил“  – вели Гури.

Се вчитува...