Сигурдсон уште не седнат на клупата влече големи потези: Циндриќ исфрлен од репрезентацијата на Хрватска

Првиот странец на клупата на ракометната репрезентација на Хрватска, Исланѓанецот, Дагур Сигурдсон, го скрати списокот од 35 на 21 играч на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри во Хановер од 14. до 17. март.

Еден од најдобрите ракометари Лука Циндриќ сензационално недостасува на списокот, а се враќа искусниот Јаков Гојун.

Ветеранот Гојун (37) се прости од репрезентацијата во 2018 година, но се врати на ЕП 2022 во Унгарија. Исто така, тој беше дел од репрезентацијата и на Светското првенство минатата година во Шведска. Тој не играше на овогодинешното Европско првенство, но го коментираше од телевизиското студио. Иван Мартиновиќ, Лука Степанчиќ, Верон Начиновиќ се меѓу играчите кои отпаднаа од поширокиот список.

Сигурдсон најави дека ќе води 20 играчи во Хановер. Хрватска за противници ќе ги има Германија, Австрија и Алжир.

Се вчитува...