Силекс ги дозна четирите можни ривали во квалификациите на ЛШ

Македонскиот претставник Силекс се наоѓа меѓу неносителите во пресрет на утрешниот ждреб во Нион за квалификациите во Лигата на шампионите. Силекс е во делот заедно со Динамо Брест, Рига и Тирана и како можни ривали ги очекува Астана (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Макаби Тел Авив (Израел) и Динамо Тбилиси (Грузија). Избегнати се противниците со звучни имиња како Црвена звезда, Лудогорец, Селтик, но и двата клуба кои ги посакуваше Горан Симов, Дандалк и Судува.

Во квалификацииите од оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а со ждреб ќе биде одлучено и кој ќе биде домаќин. Можно е дуелот да се игра дури и на неутрален терен. Мечевите треба да се играат се на 18/19 август.

Се вчитува...