Силекс ги прецизираше петте тест-дуели во Анталија: Против Рапид Виена на 8. февруари

Кратовски Силекс ја реализира првата фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Како што е познато, по почетната подготвителна фаза главните подготовки кратовци ќе ги минат во Анталија каде ќе престојуваат од 27. јануари па до 10. февруари.

Во турската подготвителна база Силекс ќе одигра пет пријателски натпревари и тоа на 30. јануари против српски Металац, на 1. февруари со Торпедо Москва, на 3. февруари со Монтана од Бугарија, на 6. февруари со украински Мариупол и на 8. февруари со австриска Рапид Виена.

Пред заминувањето за Анталија, на 22. јануари договорен е и тест дуел со Каменица Саса. Од клубот во овој преоден рок си заминаа Роберт Митев, Александар Трајчевски и Лазар Пеев, а се преговара за ангажман на неколку нови имиња.

Се вчитува...