Силекс го победи Ботев Враца во Анталија

Фудбалерите на Силекс славеа против бугарскиот прволигаш Ботев Враца со 2-1 (1-0) на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Анталија.

Кратовци до предност дојдоа во првото полувреме, а подобрата игра ја крунисаа со уште еден гол во вториот дел сосема доволно за триумф.

Во првиот денешен натпревар во Анталија, пак, претпладнево вториот состав на Силекс загуби од Витоша од Бистрица, Бугарија, со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за Бугарите беше Кутев во 22. минута од средбата.

Се вчитува...