Силекс и Брегалница секогаш со возбудливи мегдани: Нов дуел денеска во Кратово!

Силекс и Брегалница денеска од 13 часот во Кратово го отвораат 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци и тоа како се желни за нова победа во шампионатот со која ќе ја продолжат битката за врвот. Желбата на тимот на Горазд Михаилов е секако да се задржи доминацијата на домашен терен па по четири победи и едно реми на пет натпревари, веруваат во продолжување на позитивната низа.

Но, од друга страна и Брегалница бараат начин за подобрување на резултатите, посебно на гостински терен, каде немаат ниту една победа, па желбата е да се дојде до први гостински бодови.

„Знаеме дека не чека тежок противник, но максимално сме подготвени за надигрување. Атмосферата е позитивна по добрите игри, но мора да дојдат и резултатите. Силекс е квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен, но Брегалница има квалитет да го освои Кратово“ – вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков.

ПМФЛ – 12. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Гостивар: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ

Се вчитува...