Силекс ја забележа и четвртата победа во низа откако кратовци попладнево лесно и убедливо славеа над Брера со резултат 4-0.
Тимот на Александар Васоски одигра уште еден одличен дуел, цврсто во одбраната, а нападот беше на високо ниво, полнејќи ја до врв мрежата на гостите од Струмица.
Домашниот состав доминираше од самиот почеток, не искористи неколку шанси пред во 19. минута да стигне до заслужено водство, со голот на Бутуровиќ. На одмор се замина со минимални 1-0, но доминацијата на Силекс вроди со брзи два гола на Додев и на Алиќ за предност од 3-0, додека конечните 4-0 во 69. минута ги постави Португалецот Пиреш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

