Силекс ремизираше со Арка (1-1) на третиот тест во Анталија

Кратовски Силекс стигна до првото реми, по претходните два порази од руските второлигаш Оренбург (0-3) и Луч Енергија (1-2), во третиот контролен натпревар за време на подготовките во Анталија.

Кратовци на денешниот пријателски натпревар ремизираа (1-1) со полскиот прволигаш Арка Гдиња.

Двата погодоци на мечот паднаа во второто полувреме. Најпрво Полјаците дојдоа до водство во 62. минута со голот на Ескуеда, а потоа Силекс надмоќната игра и доминацијата на терен ја круниса со гол од пенал на Глигор Глигоров во 79. минута.

Следниот пријателски натпревар на Силекс е на 31. јануари против белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...