Силекс се засили со Андреј Петкоски, пред потпис и Дејан Цветаноски од Струга ТЛ

За пролетниот дел од сезоната Силекс се засили и со централниот дефанзивец од прилепска Победа, Андреј Петкоски.

23-годишниот Петкоски претходно во својата кариера има настапи и за битолски Пелистер, Работнички, Турново и Плачковица.

Пред потпис со Силекс е и искусниот напаѓач Дејан Цветаноски кој изминатава сезона настапуваше за Струга ТЛ, а претходно играше и за Ренова, Пелистер, Победа, Напредок Кичево, Хоризонт Турново, Тетекс…

Се вчитува...