Силекс за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили со искусниот српски интернационалец Милош Жеравица.
30-годишниот Жеравица, кој е фудбалер од средниот ред, доаѓа од редовите на Борац Бања Лука каде настапуваше изминатава сезона. Претходно во својата кариера има настапи и за Зрињски во шампионатот на БиХ, во српските ОФК Београд, Слобода Ужице и Напредак како и исландски Гриндавик.
Од редовите на кратовци, пак, си замина офанзивецот Петар Икиќ кој минатата сезона настапи на 13 натпревари а не постигна ниту еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА