Силекс славеше на пријателскиот дуел со Каменица Саса

Силекс славеше со 3-1 на пријателскиот натпревар против Каменица Саса.

Алексовски од пенал во првото полувреме ја доведе Саса до предност од 0-1. Но, Силекс со головите на Тони Мичковски, Дејан Цветаноски и Спиркоски стигна до целосен пресврт и победа од 3-1.

Силекс денеска и официјално ги промовираше Дејан Цветаноски, Роберт Коцев и Андреј Петкоски како свои нови имиња за продолжението од шампионатот.

Се вчитува...