Силекс убедлив против Тиквеш

Прволигашот Силекс оствари убедлива победа (0-4) против Тиквеш на пријателскиот меч во Кавадарци. Кратовци покажаа ефикасна игра и заслужено славеа, покажувајќи дека се многу подобро подготвени во овој период од претсезоната.

Дарко Грозданоски беше стрелец на два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Иван Ивановски и Ангелчо Тимовски.

Се вчитува...