ВИДЕО: Силекс загуби од Оренбург на првата контрола

Кратовскиот прволигаш Силекс загуби од рускиот второлигаш Оренбург со 3-0 на првиот пријателски натпревар одигран денеска во Анталија. Рускиот тим по првото полувреме имаше водство од 1-0, а во вториот дел постигна уште два гола во мрежата на кратовци.

Стрелци за Русите беа Поповиќ во 43. минута, Мамтов во 81. минута и Ефремов во 86. минута од средбата.

„Загубивме со 3-0, иако пруживме солиден отпор. За нас е прв тест и очекувам наредните натпревари многу работи во составот да функционираат уште подобро. Настапија сите фудбалери, поделени во два тима“, информира од Анталија, тренерот Жикица Тасевски.

Следниот пријателски натпревар на Силекс е на 26.јануари против Луч Енергија.

Се вчитува...