Силекс замина на подготовки во Анталија

Македонскиот прволигаш Силекс замина на десетдневни подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализира следната фаза наменета за воигрување на тимот и одигрување пријателски натпревари. На 25.јануари кратовци ќе одиграат тест меч со рускиот прволигаш ЦСКА Москва, а ќе бидат закажани најмалку уште три контроли.

Силекс пред заминувањето за Анталија имаше проверка против тимот на Њу Старс и победи со 2-0, со головите на Дарио Трајановски.

Се вчитува...