Силесен ќе паузира шест седмици

Холандскиот голман Јеспер Силесен заработи сериозна повреда на мускулот на ногата и ќе паузира шест седмици, објави шпанскиот првак Барселона. Тој се повредил на вчерашниот тренинг, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе мора да биде оддалечен од фудбалските терени околу 45 дена.

Силесен ќе ги пропушти трите дуели од Ел Класико, вечното дерби со Реал Мадрид и во првенството и во Купот, како и осминафиналните мечеви во Лигата на шампионите. Прв избор на голот за Ернесто Валверде на голманската позиција и натаму останува Марк Андре тер Штеген.

Се вчитува...