Силни ривали, но ќе изостане спектакл: Македонија во група со Полска, Австрија, Израел, Словенија и со Латвија за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија доби силни ривали, но, сепак, се чини дека ќе изостане вистински спектакл со голема европска селекција во Скопје. Ждребот во Даблин ја смести нашата селекција во групата Г, заедно со репрезентациите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и на Латвија. Оваа не е група која носи спектакуларни мечеви, но и дава надеж дека може да се стори нешто повеќе во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Натпреварите од квалификациите ќе се одиграат во периодот од март до ноември 2019 година. Првопласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.

 

Се вчитува...