Силва: Челси може да ја освои титулата во Премиерлига

Челси не успеа да дојде до посакуваните засилувања оваа сезона. „Виновна“ за тоа е Барселона која откако го „украде“ Рафиња го повтори случајот и со Џулс Кунде, оставајќи го лондонскиот тим со дупка во одбраната. Но, и покрај тоа, најискусниот во тимот Тијаго Силва верува дека неговиот тим може да дојде до трофејот во Премиерлигата.

Говорејќи за амбициите за новата сезона искусниот 37-годишен Бразилец вели дека нема да биде лесно, но тимот може да стигне до шестиот трофеј во престижното натпреварување.

„Премиерлигата е многу тешко натпреварување, но верувам дека е возможно да ја освоиме титулата. За тоа мораме да се сконцентираме во последната седмица пред почетокот на првенството бидејќи сеуште не сме на „100 отсто“. Мора да работиме напорно, да вложиме се што имаме и во полн сјај да излеземе на теренот во сабота“, изјави Силва.

Се вчитува...